За два дена извршил три кражби, приведен крадец од Скопје
Полицијата во вторникот лишила од слобода 26-годишен скопјанец А.С. кој во претходните неколку дена извршил повеќе кривични дела на подрачјето на Аеродром.
МВР информира дека тој бил приведен во полициска станица завчера околу 16 часот кога бил затекнат при извршување кражба во една просторија на Клиниката за стоматологија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Во службен разговор со полициски службеници тој признал уште три дела за кои бил осомничен.
– На 14 февруари 2022, на ул.„Ѓорѓи Капчев“ одзел патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.И.(29) од Скопје. Истиот ден на ул.„Методија Шаторов Шарло“ одзел предмети од возило „фолксваген лупо“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Д.(27) од Скопје. На 15 февруари 2022, на бул. „Видое Смилевски Бато“ извршил тешка кражба од лицето Р.Л.(27) од Скопје, информира МВР.
По целосно документирање на случаите, против А.С. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Абутовиќ и во новата сезона во дресот на Еурофарм Пелистер
-
Фудбалерките на Љуботен го освоија Купот на Македонија
-
Босна ја освои титулата во АБА 2
-
Папата Лав Четиринаесети го прими Синер
-
Мбапе се запиша во историјата на Реал Мадрид
-
МВР со апел за безбедни матурски прослави
-
457 лица заа 3 години загинале во сообраќајки во Македонија
-
Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски