Македонија
15. May 2025 - 12:16

Македонија останува атрактивна за странците

Македонија останува привлечна дестинација за странските туристи.Според статистичките податоци бројот на гости и ноќевања се зголемил за околу 22 проценти во првиот квартал од годинава.Најбројни во март се од Германија 10.410, веднаш зад нив се од Турција (9.380), Франција (4 648) и Грција (4 504).

Туристите најмногу се интересираат за природните убавини, културно историските знаменистости  и традиционаната храна а според туристичките водичи има интерес и за купување недвижните во Охрид.

Со оглед на тоа што и вон сезона има гости туристичките работници се оптимисти и очекуваат дека годинава ќе ги надмине ланските бројки. Во периодот јануари – март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за  10,6%.