За долг од 1 денар, пензионер треба да плати 12.439 денари преку извршител на БЕГ
Пензионер од Скопје Крсте Серафимов кој имал долг кон БЕГ од само 1 денар, преку извршители му било наплатено 12.439 денари.
Од БЕГ го дале Серафимов на извршител САМО за 1 денар, некаков заостанат долг од минататото, по што извршителот Моника Муча од Скопје, го активирала налогот за наплата, преку кој му е определена ЗАБРАНА за 1/3 од пензијата и активиран налогот за исплата на 12.439 денари. И тоа само за 1 денар долг кон БЕГ, кој може да се случи не заради тоа што не е платена сметката за парно, туку заради разни други банални причини.
За да дојде до тие еден денар ,,долг“, БЕГ ги активирале своите правни застапници адвокатското друштво ЧУКИЌ и МАРКОВ, па преку нотарот Снежана Сарџовска, до извршителот Моника Муча, на Серафимов од пензијата му се симнати 12.439 денари за нивните услуги да го спроведат извршното решение за 1 денар долг!
Еве како изгледа структурата на давачки за наплата на побарувањето од 1 денар долг:
-277,00 денари на име администрирање,
-4.182,денари на име извршни дејства,
-400.00 денари на име награда(за извршителот).
-875,00 денари на име ДДВ,
-240,00 денари на име материјални трошоци, и
-износ од 1.534 денари на име адвокатски трошоци за застапување на доверител по АТ.
На ова се засметува и камата во износ од 722,00 денари на процесни трошоци пресметана од денот на извршување до денот на наплата на долгот.
Вкупно за наплата по сите основи, пензионерот Крсте Серафимов треба да плати 12.439 денари за 1 денар, некаков долг кон БЕГ!
Оваа апсурдна и неприфатлива ситуација, со која се соочуваат многумина во Македонија, ја обелодени неговиот син на ФБ.
Ново на Сител
-
Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?
-
Тема на денот со Марија Митева, портпарол на Влада
-
Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда