За дивоградбата кај Мавровка условна казна и трошоци од 50 евра
Условна казна и 50 евра трошоци, толку го чинеше сопственикот на кафулето „Фонтана“ во Мавровка авантурата од привремен објект да дигне неколку катна зграда, пишува Призма повикувајќи се на официјалната пресуда добиена од судот.
Едно признание на вина, условна казна и судски паушал од 3000 денари, на кусо ова е среќниот крај на приказната за тоа бетонско здание пред трговскиот центар.
Ако лани во септември, Мевлудин Алити заедно со неговиот адвокат пред медиумите говореше дека правдата е на нивна страна и оти потрагата по неа ќе стигне до судот во Стразбур, приказната доби сосема поинаков тек, и тоа буквално во само едно судско рочиште, пишува Призма.
Објектот почна да се руши веднаш по формирањето на новата влада минтата година откако претходно неколку месеци државата не можеше да го најде сопственикот.
За рушењето беше ангажирана механизација на државата, а целиот настан медиумите го пренесуваа во живо.
За делото бесправно градење во ст.1 за кој беше обвинет Алити во КЗ е предвидено затворска казна од 3 до 8 години, но во конкретниот случај судот во пресудата утврдил дека може да му се ублажи казната ако се има предвид околноста дека обвинетиот претходно не бил осудуван.
Ново на Сител
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
-

Балканскиот рис исчезнува
