За дест месеци во ХЕЦ „Шпилје“ произведени над 267 милиони квч електрична енергија

Во ХЕЦ „Шпилје“, која претставува значаен електоренергетски објект, повеќе од сигурно е дека оваа година ќе биде една од поуспешните, со реализирано годишно производство поголемо од планираното.
На тоа наведуваат податоците за оствареното производство во десетте месеци од годинава, кога во поголем период, трите трубини работеле турбо.
- За десет месеци произведени се над 267 милиони киловат часови електрична енергија, што претставува оставрување на годишниот план за околу 90 отсто. Разбирливо е, дека годишниот план на производство не само што ќе се исполни, туку ќе биде и надминат. Врз вака доброто производство секако влијание има и поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје, кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, велат од ЕЛЕМ.
Моментно просечниот дотек на вода е околу 40 кубни метри вода во секунда, а акумулацијата „Дебарско Езеро“, има резерва на вода за производство на 18 милиони квч.Тоа значи дека има доволно простор за да се прифатат претстојните есенски дотеци.
Како резултат на навреме извршените ремонти и ревизии на електормашинската опрема, ХЕЦ Шпилје е подгтовена да ги прими и преработи сите количини на вода кои ќе се влеат во акумулацијата. Сето тоа значи и остварување на предвидувањата во однос на произвоството на електрична енергија.
Ново на Сител
-

Стартува „Безбеден град“, нема повеќе опомени
-

Мицкоски и Ѓорѓиевски на изградба на првата фаза на булевар „Македонија“
-

Нова победа стара доминација, Волкановски ја одбрани светската титула
-

Најмногу дожд во Гевгелија, Крушево и во Битола
-

Нов круг мировни преговори меѓу Украина и Русија во Абу Даби, без претставници на САД
-

Иран ги прогласи војските на земјите-членки на ЕУ за терористички организации
-

Со меѓународна поддршка започнува 8. сезона на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“
-

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег
