За денеска се очекува пресуда за првиот руски војник обвинет за воени злосторства во Украина
За денеска се очекува изрекување на пресудата на судењето на Вадим Шишимарин, првиот руски војник обвинет за воени злосторства за време на инвазијата на Украина, кој за време на судењето се изјасни за виновен за убиство на невооружен цивил.
Обвинителството вели дека Шишимарин командувал со единицата на тенковска дивизија кога конвојот бил нападнат од украинските сили. Тој и уште четворица војници украле автомобил што го возеле во близина на Чупакивка. Таму сретнале 62-годишен Украинец на велосипед, велат од обвинителството.
Според обвинителот, на Шишимарин му било наредено да убие цивил, што го направил со автомат „Калашников“. Тој се соочува со доживотна казна затвор
Украина вели дека досега идентификувала повеќе од 10.000 можни случаи на руски воени злосторства за време на инвазијата во земјата.
Москва негира дека нејзините војници пукаат во цивили, но истражителите веќе некое време собираат докази за воени злосторства, кои планираат да ги достават до Меѓународниот кривичен суд во Хаг.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Акцијата за чистење на Скопје е успешна, собрани 4.500 тони смет
-

31 питомец и 28 слушатели од курсот за офицери и штабни службеници дадоа свечена заклетва во Воената академија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Борче Треновски универзитетски професор
-

Го исполни ли Ѓорѓиевски ветувањето - чист град за 72 часа?
-

Премиерот готви реконструкција – партиите се спремаат за конгреси
-

Во петок ќе почне комисиската расправа за предлог - буџетот за 2026
-

АХВ спречи 37 тони небезбедна храна да стигне до потрошувачите
