Loading Video...
Свет
10. November 2025 - 12:09

Преглед на вестите од светот

Во Њу Делхи се одржа собир за мерки против загадувањето на воздухот во главниот град на Индија, кој е еден од градовите во светот со најголемо загадување. Демонстрантите излегоа на улиците со своите деца носејќи маски и држејќи транспаренти со слогани. На еден пишуваше „Ми недостига дишење“ и „Само сакам да дишам“. Тие се собраа во близина на култната Индиска порта, споменик подигнат од колонијалните власти. Во тој регион, нивото на честички PM 2,5, вчера било на ниво од 200, што е повеќе од 13 пати повисоко од максималната дневна граница препорачана од Светската здравствена организација.

Според студија објавена во медицинското списание „Лансет“ 3,8 милиони Индијци починале од загадување на воздухот помеѓу 2009 и 2019 година. Њу Делхи и неговата пространа област со периферија е рангиран меѓу најзагадените главни градови во светот. 

Израелските одбранбени сили соопштија дека војниците распоредени во Кан Јунис во јужна Газа, на источната страна на Жолтата линија, каде што сè уште има контрола по делумното повлекување, уништиле четири тунели на Хамас. Тунелите биле лоцирани и срамнети со земја. Израелските сили наведуваат дека војниците уништиле и десетици згради кои Хамас ги користел за терористички активности, „во кои било лоцирано многу оружје“.

Супертајфунот Фунг-вонг стигна до Филипините при што беа пријавени две жртви и 1 милион луѓе евакуирани пред една од најмоќните бури.  Таа го премина северниот дел од најнаселениот остров на архипелагот Лузон, со поројни дождови, постојани ветрови од 185 км/ч и налети до 230 км/ч.

Ова беше 21-ва бура оваа година што ја погоди земјата што штотуку се опоравува од тајфунот Калмаеги, кој остави 224 мртви на Филипините и пет во Виетнам.

Силно торнадо го опустоши бразилскиот град Рио Бонито до Игуасу во петокот уништувајќи над 90% од неговите згради и убивајќи шест лица, според локалните власти. Трактори и багери расчистуваат урнатини од улиците додека спасувачките продолжуваа восо своите активности. Ветрот достигнувал брзина и од 250 км/ч. Катастрофата остави повеќе од 1.000 луѓе без покрив над главата, а во блиските градови беа поставени засолништа за итни случаи.