За четири месеци во Албанија бонус добиле околу 13 илјади бебиња
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека во првите четири месеци од годинава околу 12.766 новороденчиња добиле бонус за бебе, јави дописничката на МИА од Тирана.
Со владината програмата родителите на првородено дете добиваат бонус во износ од 40 илјади леки (325 евра), за второродено 80 илјади, а за третородено дете по 120 илјади леки. Доколку се близначиња добиваат по ист износ.
Бонус добиваат сите новороденчиња независно дали се родени во или надвор од земјата, кои се запишани во матичната книга на родените во Албанија.
– Вкупно 12.766 новороденчиња во првите четири месеци добија бонус за бебе, што е финансиска награда од Владата за сите новороденчиња. Оваа сеопфатна програма ги поддржува родителите за првороденче со 40.000, второ со 80.000 и 120.000 за трето родено дете, независно каде доаѓаат на свет, во или надвор од земјава. Бонус добиваат сите албански деца кои ќе се евидентираат во МКР на Албанија, напиша Рама на Фејсбук.
Со цел поттикнување на наталитетот Владата донесе програма за еднократен паричен надоместок за новороденче, која почна да се реализира од јануари 2019 година.
Ново на Сител
-

ЦУК: Нема активни пожари, изгаснати 16-те регистрирани на отворен простор во 10 општини
-

Доктор Даниловски предупредува: Осумте случаи се само врвот на епидемијата
-

Најмалку 13 загинати во земјотресот во Јапонија, потрага по преживеани под урнатините
-

Земјотрес почувствуван во Струга и околината
-

Вимблдон 2026 со рекордна посетеност
-

ДКСК денеска ќе избира заменик-претседател
-

Бугарската гранична полиција евакуираше патници од насукан брод на Дунав
-

Мисајловски ќе ја посети касарната во Штип и ќе изврши увид во реновираниот објект
