За четири дена бројот на бегалци во Грција зголемен за двојно
Меѓународната организација за миграции (ИОМ) синоќа соопшти дека бројот на илегални имигранти што годинава пристигнале во Грција е двојно зголемен само во последниве четири дена, достигнувајќи цифра од над 175.000.
Според податоците на ИОМ, од почетокот на годината, па до вчера, во Грција биле регистриарани вкупно 175.375 бегалци. Во понеделникот ИОМ соопшши дека од почетокот на 2015-та во земјата пристигнале 88.204 имигранти.
ИОМ оценува дека ваквото драстично зголемување на бројот на имигранти што влегле во Грција се должи на засилениот наплив на бегалци од Сирија, кои од турското крајбрежје се упатуваат кон грчките острови.
Податоците на ИОМ покажуваат и дека годинава вкупно 432.761 имигранти од Блискиот Исток, централна Азија и Африка ги минале водите на Средоземното Море, пристигнувајќи до бреговите на некоја од европските земји, најчесто Италија или Грција.
Ново на Сител
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите
-
Масовна молитва во Тирана