За 3,8 проценти зголемен бројот на работници во индустријата во декември на годишно ниво
Бројот на работниците во индустријата во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, се зголемил за 3,8 проценти. Во периодот јануари – декември 2023 година, споредено со истиот период од 2022 година, е евидентирано зголемување на бројот на работниците во индустријата од 1,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Податоците на ДЗС покажуваат дека бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година бележи пораст од 6,3 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија пораст од 4 проценти. Опаѓање од 1,8 проценти е регистрирано во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 3,7 проценти и Капитални производи за 18,7 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,6 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 процент.
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола