За 24 осомничени лица за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
Од Основниот суд Кочани за МИА потврдија дека е определена мерка 30 дневен притвор за сите 24 лица за кои основното Јавно обвинителството во рамки на истрагата бараше изрекување на мерката, а во однос на истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животите ги загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени.
Меѓу 24. лица за кои е одреден притвор се и тројцата градоначалници на Кочани и тоа градоначалникот во заминување Љупчо Папазов, како и поранешните Ратко Димитровски и Николчо Илијев.
Со досегашната истрага за пожарот во дискотеката „ Пулс“ вои Кочани се опфатени 27 физички и три правни лица.
Вкупниот број осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани засега е 34 физички лица, откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека е отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица, по првите истражни постапки против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани. Во првата фаза во постапувањето на МВР и Обвнителството, поднесени се две кривични пријави против 34 физички и три правни лица, за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Едно лице е пријавено и за „примање поткуп“ по член 357 од КЗ.
Коцевски на прес-конференција посочи дека со завршување на истрагата ќе се разјаснат сите околности и факти за причината за пожарот, кој го предизвикал, начинот на предизвикување и со кое пиротехничко средство.
Лицата, како што информира Коцевски, се сомничат за кривично дело за кое е предвидена казна од најмалку три години, што значи дека максимумот на казната е 20 години, а се сомничат дека како соизвршители, изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.
Ново на Сител
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар
-
Коенигсег Џеско го победи Римак и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили
-
Светот беше на чекор до победа над детската парализа, сега се заканува нејзино враќање
-
Германскиот канцелар Мерц ги поздрави напорите на Трамп за крај на војната во Украина