За 24 часа издадени 1.601 потврда за барање азил на мигранти

Во текот на вчерашниот ден издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.601 странски државјани. 696 лица се од машки пол, 350 од женски, 552 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и три деца кои патуваат без родител.
Како што соопшти денеска МВР, според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-865, Авганистан–381 и Ирак-355.
Во периодот од 1 јануари годинава до вчера издадени се потврди на вкупно 30.900 странски државјани, од кои 13.024 се од машки пол, 6.652 од женски, 11.124 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 100 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-14.852, Авганистан-10.199 и Ирак-5.846.
Во текот на вчерашниот ден до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Во периодот од 1 јануари годинава до вчера до Секторот за азил поднесени се пет барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица, од кои пет од Авганистан и едно од Сирија.
Ново на Сител
-

Лафчиски на состанокот на Воениот комитет на НАТО во Брисел
-

Силекс и Шкендија во борба за Купот на Македонија на арената „Тодор Проески“
-

Сиљановска-Давкова: Македонија не бега од вето, но тоа да биде поврзано со Kопенхашките критериуми, а не со идентитетските прашања
-

ФФМ покрена дисциплинска постапка против Вардар за недоличната прослава на титулата
-

Два големи шумски пожари горат во јужна Калифорнија
-

Илон Маск ја загуби тужбата против „ОпенАИ“ и извршниот директор Сем Алтман
-

Македонец шверцувал 850 грама златна плочка во кондура на Богородица | ФОТО
-

Ешбурн, град што го поврзува светот
