Македонија
1. September 2016 - 12:35

За 210 првачиња од општина Илинден почна новата учебна година

За 2.000 основци и 260 средношколци од општина Илинден денеска почна новата учебна година. Годинава за првпат во училишните клупи седнаа и 210 првоодделенци.

Успешен почеток на новата учебна година на учениците од трите централни, петте подрачни училишта и Средното општинско стручно училиште „Илинден“ им посака градоначалникот Жика Стојановски.

Тој ги посети СОСУ „Илинден“, како и трите централни основни училишта „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“ во кои на сите првачиња им подели подароци.