„The Weeknd“ остана без номинација за Греми наградите, ги обвини дека се корумпирани
Популарниот „r&b“ музичар Бел Тесфаје (30) познат по уметничкото име „The Weeknd“, оваа година не се најде меѓу номинираните за Греми наградите што очигледно го налути.
Тој со бес се пожали на социјалната мрежа Твитер и ги повика организаторите на овој проект, што предизвика големо внимание во јавноста.
„Греми и понатака се корумпирани. Ми должите на мене, на моите обожаватели и на транспарентноста во индустријата“, напиша музичарот.
Музичарот е револтиран бидејќи останал без номинација и покрај неговиот нов албум „After Hours“, кој ја содржи и песната „Blinding Lights“, со која се искачи на врвот на музичките топ листи ширум светот.
Додека едни се согласија со него, други го критикуваа поради потегот сметајќи дека е претеран.
Инаку, цремонијата за доделување на Греми наградите е предвидена за 31 јануари, но поради епидемијата на коронавирусот засега не се знае дали ќе биде онлајн или номинираните физички ќе бидат присутни.
Да се потсетиме „The Weeknd“ пред неколку дена, на 23-ти ноември, се појави на доделувањето на „American Music Awards” со завои на лицето, со што испрати силна порака до сите. Mузичарот доби „AMA“ награда за омилен соул-рнб албум на годината.
Ново на Сител
-
Лука Змејкоски освои бронзен медал, не се пласира во финалето на ЕП
-
Димова: Се ослободувам од вината дека сум злоупотребила европски пари
-
Лидија Димова осудена на казна затвор од две години
-
Кавадарчанец пријавен дека со воздушна пушка пукал во домашно милениче
-
На територијата на земјава активни три пожари
-
Сопруга пријавила кавадарчанец за физички напад, закана со остар предмет и поставување ГПС локатор во нејзиното возило
-
Зеленски го потпиша Договорот за стогодишно партнерство со Велика Британија
-
Во Италија споделувањето на фотомонтажи создадени со ВИ е казниво дело