Вулин: Се надевам на мешани полициски контроли на мигрантите на границата со Македонија
Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин денеска изјави дека се надева оти наскоро и на границата со Македонија ќе се најдат мешани полициски контроли, со цел да се спречи илегалната миграција, како што е тоа предвидено со протоколот потпишан за тоа прашање во Будимпешта со унгарските власти, јави дописникиот на МИА од Белград.
-Се надевам дека многу брзо ќе успеам да убедам истатат работа да ја направиме и на северномакедонско-српската граница, како и меѓу Унгарија и Австрија. Секој мигрант што ќе го спречиме да влезе во Србија е мигрант помалку во Виена, но исто така и мигрант помалку во Белград, изјави Вулин на ТВ Хепи.
Како што оцени, неопходна е заедничка, координирана акција, бидејќи, според него „мигрантите нема да ја преминат таа област кога ќе слушнат дека границата е цврста“.
-Ние ги третиравме овие луѓе и ги третираме како човечки суштества, но тие мора да ги почитуваат нашите закони. Ги имате сите права, имате кампови, ќе бидете медицински заштитени и хранети, ќе бидете згрижени и вашето достоинство, особено кога станува збор за семејствата. Но, ако го прекршите законот, ќе бидете казнети,истакна Вулин.
Протоколот за воспоставување мешани патроли долж заедничката граница на Србија и Унгарија беше потпишан во вторникот во Будимпешта од министрите за внатрешни работи на двете земји, Александар Вулин и Сандор Пинтер.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
