Вулин нема да штрајкува со глад, власта ќе го брани Собранието од насилници и фашисти
Во пресрет на утрешните најавени масовни протести на српската опозиција пред српското Собрание, власта со повеќе политички активности се обидува да парира на протестите.
По повикот на првиот спикер Маја Гојковиќ до граѓаните да го чуваат Собранието, на прес-конференција членовите на Српската напредна партија (СНС) и другите партии од владејачката коалиција најавија дека ќе останат во Парламентот се додека тоа е потребно за да го бранат законодавниот дом, како што наведоа, од „примитивизмот, насилството и повампирениот фашизам“.
Како што изјави шефот на парламентарната група на СНС, Александар Мартиновиќ, пратениците на владејачката коалиција ќе останат деноноќно во Парламентот, доколку е потребно, со цел да го заштитат од упади.
– Фашизмот и масовното фашистичко движење никогаш немале поддршка и нашиот народ се гордее со антифашистичката традиција. Ќе ја браниме оваа традиција колку што е потребно, ќе се браниме од оние кои ги загубија сите избори од 2012 година, рече Мартиновиќ.
Тој порача дека пратениците од власта се подготвени за дијалог доколку опозициските пратеници се согласат на денешниот повик на Маја Гојковиќ на консултации.
Вулин попладнево ќе и се обрати на јавноста на прес-конференција.
Ново на Сител
-
Јаневска: Нема бришење и поправање оценки во новиот е-дневник
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“, Васев не се чувствува виновен
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложена седницата за надзор на АНБ
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива