Вулин: Македонија и Србија немаат исти цели
Српскиот министер за одбрана Александар Вулин му одговори на премиерот Зоран Заев за неговите изјави дадени во Брисел, велејќи дека Македонија и Србија немаат исти цели и дека Србија ќе остане воено неутрална и слободна земја.
За време на самитот на НАТО во Брисел, Заев рече дека се надева оти решението со Грција ќе ги охрабри Србија и Косово да продолжат со дијалогот.
- Заев мора да знае дека не постојат Србија и Косово, туку постои само Србија и територија која е под привремена управа на Обединетите нации, во согласност со резолуцијата 1.244. Македонија и Србија немаат исти цели. Ние сакаме слобода и самостојност, сакаме да решаваме сами за себе. Се додека ја води Александар Вучиќ, Србија ќе остане воено неутрална и слободна, па макар била и последната земја која не е членка на НАТО пактот, изјави министерот Вулин.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени
-
Богојавление Водици на Плетварско езеро
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Томче Голабоски го фати крстот во Струга