Вулин и Шојгу: Зајакнување на соработката против „обоени револуции“
Потпретседателот на српската влада, Александар Вулин, и секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, во Москва ја потврдија своето категорично противење на мешањето во внатрешните работи на суверените држави и договорија интензивирање на дијалогот за борба против т.н. „обоени револуции“, соопшти српската влада.
Руската страна ја изразила својата подготвеност да продолжи да му дава поддршка на српскиот народ во одржувањето на стабилноста, а соговорниците се согласиле да ги зајакнат меѓуресорските контакти за спротивставување на „обоените револуции“, се наведува во соопштението.
Вулин и Шојгу договориле континуирани контакти преку Советот за безбедност на Русија со цел зајакнување на традиционално пријателските врски меѓу Србија и Русија, како и меѓу двата народа, стои во соопштението на Владата на Србија.
Ново на Сител
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО
-
Директорот на ФБИ нареди големо прераспоредување на персоналот
-
МЖСПП: Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство
-
Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје