Loading Video...
Свет
21. February 2025 - 16:33

Преглед на вестите од светот

Украина се стреми кон мир. Мораме и можеме да обезбедиме овој мир да биде силен и траен за Русија никогаш повеќе да не се врати со војна“, изајви  укрианскиот претседател  Зеленски по разговорите со американскиот претставник за војната во Украина Келог во Киев.  Зеленски вели средбата со Келог ја враќа  надежда за договор со САД во време кога САД и русија  преговараат за крај на тригодишната војна без присуство на Украина  на тие разговори.

„Генерал Келог – нашите разговори ја враќаат надежта. Ни требаат силни договори со Америка, договори кои навистина ќе функционираат. Дадов инструкции да се работи брзо и многу рамномерно. Економските интереси и безбедносните интереси секогаш треба да одат рака под рака. И деталите од договорот се важни. Колку подобро се составуваат деталите, толку е подобар резултатот.. На сите ни треба мир – Украина, Европа, Америка – на сите во светот изјави Зеленски. 

Белата куќа  го повика Зеленски да постигне договор за пристапот на САД до клучните минерали на Украина во замена за помош., кој Зеленски пред неколку дена  го отфли. 

Претседателот Трамп е очигледно многу фрустриран во моментов од претседателот Зеленски. Фактот што тој не дојде на маса, што не беше подготвен да ја искористи оваа можност што му ја понудивме. Мислам дека на крајот ќе дојде до таа точка и се надевам дека ќе биде многу брзо истакна  советник за национална безбедност на Белата Куќа, Мајк Валц. , 

Кремњ  и денеска порача дека Русија   останува отворена за решение за крај на војната во Украина преку мировни преговори.  

Претседателот Путин останува отворен за решение околу Украина преку мирни преговори. Имаме наши цели поврзани со нашата национална безбедност, нашите национални интереси и подготвени сме да ги постигнеме овие цели преку мирни преговори изајви Дмитри Песков, портпарол на Кремљ. 

Во понделник  францускиот претседател Макрон ке се сретне со неговиот  американски колега во Белата кука  за да  разговора  за војната во Украина. Макрон откри што прво ќе му каже на трамп.

- Ќе му кажам отворено, не можеш да потклекнеш пред Путин. Не си ти, не е твој бренд, не ти е во интерес. Како можеш да бидеш силен со Кина, ако си слаб спрема Путин“, изјави Емануел Макрон-претседател на Франција.

Британскиот  премиер Стармер  пак  в четврток ќе оди кај Трамп. 

Израел ќе го натера Хамас да плати високите цена за тоа што не го предаде телото на заложничката Шири Бибас, како што беше договорено, изјави премиерот Нетањаху.  Според Нетањаху, милитантите ставиле тело на жена од Газа во ковчегот наместо Шири Бибас.  

Ќе дејствуваме одлучно да ја  вратиме Шири дома заедно со сите наши заложници - и живи и мртви - и ќе обезбедиме Хамас да ја плати целата цена за ова сурово и злобно прекршување на договорот изјави  Бенјамин Нетањању, премиер на Изарел.  

Хамас соопшти дека ги истражува изарелските тврдења дека предал погрешно тело.  Утре, помеѓу Изарел и Хамас треба да се случи последната размена на заложници  и палестински затвореници во рамки на првата фаза од договорот за прекин на огнот што стапи на сила на 19 јануари.