Вулин: Да им се забрани влез во Србија на оние кои гласаа за Резолуцијата за геноцид во Сребреница
Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин изјави дека ќе побара забрана за влез во Србија за оние кои во црногорскиот Парламент гласале за Резолуцијата за геноцид во Сребреница.
– Претседателот Вучиќ не е човек кој забранува, но ќе побарам од него да им се забрани влез во Србија на оние кои гласаа за резолуцијата. Своите семејства кои се добро распоредени низ Белград, нека ги гледаат во Црна Гора, напиша Вулин во соопштението.
Според него, оние кои во црногорскиот Парламент гласаа за Резолуцијата за геноцид во Сребреница „се откажале од Србите“.
– Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ последен пат ги разочара Србите, по овој срам веќе ништо од него не може да не разочара, оцени Вулин.
Собранието на Црна Гора вчера усвои Резолуција за геноцид во Сребреница, а министерот за човечки и малцински права Владимир Лепосавиќ е сменет на предлог на црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, поради изјавите во кои го „релативизирал геноцидот во Сребреница“.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
