Вук Јеремиќ: Вучиќ предлагаше размена на територии со Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ педлагаше размена на територии со Косово, но тоа го отфрлија од меѓународната заедница која не му предложи ништо друго освен правно-обврзувачки договор со кој Косово ќе добие место во ОН, изјави поранешниот српски министер за надворешни работи Вук Јеремиќ на седница на својата партија.
Јеремиќ отфрли критики од Вучиќ дека „клучните грешки за Косово се направени пред 10 години„. Тој додаде дека најголемите грешки се во 1998 и 1999 година поради тогашната политика „на сегашното лидерство на државата по што следуваше бомбардирање од НАТО и повлекување на српската држава од Косово“.
Јеремиќ дополни дека Србија исполнила се од Бриселскиот договор, а во замена добиле само „ветувања за една доста слаба асоцијација – Заедница на српски општини, и дури и тоа не е исполнето“, објавуваат денеска српските весници.
– По поразот на дипломатијата во Белград, следува состојба да го дадеме и последното – место на Косово во ОН. И сега на преговарачка маса е поставено тоа преку договор за целосна нормализација на односите Белград – Приштина, наведе Јеремиќ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест
-
Меџити: Забранивме 226 онлајн коцкарници – ова е директен удар врз криминалната мафија