Вујановиќ: Членството на Црна Гора во НАТО ќе го олесни патот кон ЕУ
Членството на Црна Гора во НАТО ќе го забрза процесот на интеграција на земјата во Европска унија, изјави црногорскиот претседател Филип Вујановиќ.
- Ако во Алијансата сте партенри со сите земји-членки на ЕУ, нели тоа е силна и јасна перспектива за членство во ЕУ, изјави Вујановиќ во интервју за агенцијата МИНА по повод националниот празник Ден на државноста 13 јули.
Тој коментирајќи го негативниот однос на Русија кон членството на Црна Гора во НАТО истакна дека тоа не толку тема на односите Москва - Подгорица колку на односите на Моска со Алијансата.
- Таквиот контекст ќе се промени во насока на неопходна соработка на Русија со НАТО бидејќи глобалните проблеми не можат да се решаваат без таква соработка. Затоа сметам дека треба да бидеме трпеливи и да ја акцентираме неопходноста од зачувување на традиционалните односи со Русија, наведе Вујановиќ.
Ново на Сител
-
МВР: Лични документи може да се подигнат и утре
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Истрага за недозволено држење оружје
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал
-
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд