Вучиќ:Вонредната состојба ќе се укине на Ѓурѓовден, 6 мај, избори на 14 или 21 јуни
Српскиот претседател Александар Вучиќ, најави дека вонредната состојба ќе биде укината на 6 мај, на Ѓурѓевден, и дека изборите во Србија ќе се одржат на 14 или 21 јуни.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вучиќ, гостувајќи синоќа на ТВ Пинк, изјави дека одлуката за укинување на вонредната состојба во среда ќе се најде пред пратениците на Народното собрани, а во четврток ќе стапи на сила, со што нема повеќе да има полициски час.
Тој оцени дека се исполнети условите за укинување на вонредната состојба кои беа поставени од епидемиолозите -седум дена по ред број на позитивни на вирусот во Србија да е под пет проценти од тестираните и да се намали бројот на лица на респиратори.
-Секако дека на луѓето им беше тешко, кому тоа му е убаво, тоа беше единствен начин да се сочуваат луѓето и мислам дека во најголем дел успеавме во тоа, кажа Вучиќ.
Српскиот претседател оцени дека коронавирусот, како и во сите држави, предизвикувал сериозни економски последици и повтори дека Србија ќе биде најдобра во Европа по економските резултати и дека не сака да доцни во споредба со другите земји со економското закрепнување.
Во врска со одложените избори поради епидемијата, кои требаа да се одржат на 26 април, Вучиќ кажа дека има два датуми за изборите – 14 или 21 јуни, под услов вонредната состојба да биде укината во четврток.
Според него датумот на изборите ќе биде одреден по консултација со партиите кои сакаат да излезат на избори.
-Ако сакаме да добиеме дополнителни шест дена, можеме да одиме на 21 јуни, а јас сум подготвен и за 14-ти, кажа Вучиќ.
Во врска со протестите во српските градови преку „бучавата со тенџериња“, која и вечерва веќе шести ден се одржа, Вучиќ, порача дека не е погоден од протестите, додавајќи дека е важно „тенџерињата и садовите да бидат што е можно повеќе полни со храна, а платите и пензиите се поголеми“.
-Проблем се (опозиционите актери) кои со своето неодговорно политичко однесување (скренаа) нешто што требаше да биде најдобриот дел од борбата против вирсуот, а тоа е работата на (медицински работници), кажа Вучиќ, молејќи ги притоа подржувачите на власта „да не користат факели и да го почитуваат полицискиот час“.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
