Вучиќ-Заев: Ние можеме едни на други да си помогнеме
Короната долго ќе трае и сите се добредојдени за помош и Сараево и Подгорица и Приштина и немаме никаков проблем со тоа. Ќе дојде и помошта од Европската Унија подоцна, но ние можеме едни на други да си помогнеме, истакна српскиот претседател Александар Вучиќ.
-Јас сум малку политички поискусен од премиерот Зоран Заев и затоа секогаш прво верувам во својот коњ, а потоа во другите. Затоа уште во март и април почнав да барам начини за да набавам вакцини, рече Вучиќ во одговор на прашање по примопредавањето на српската донација вакцини од „Фајзер“ за македонскиот народ на граничниот премин Прешево-Табановце.
Премиерот Заев посочи дека односите што ги имаме со Србија и Албанија се пример за соработка која ја унапредува соработката што ја имаме низ европските процеси и Берлинскиот процес.
-Сакаме да покажеме многу повеќе од тоа што досега е постигнато. Отворени се вратите и за Косово и за БиХ и за Црна Гора и верувам дека многу брзо ќе се приклучат на оваа инцијатива затоа што носи само добро и придобивки за народот. Од Европската Унија очекуваме многу брзо да ги испрати вакцините на солидарност. Комесарот Вархеји најави 70 милиони евра помош, а причините се недостатокот на вакцини, рече Заев.
Во ваков недостаток на количини, потенцира, српскиот народ одвојува од своите вакцини и дава на македонскиот народ.
-Ова е сериозна голема порака на братство и пријателство која што секако нашиот народ ќе знае да ја цени, потенцира Заев.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден