Балкан
11. September 2017 - 13:43

Вучиќ: Унгарија е наш пријател и сојузник на патот кон Европа

Српскиот претседател Алексадар Вучиќ денеска на свечената седница на општина Сента, каде присустуваше и неговиот унгарски колега Јанош Адер, изјави дека Унгарија е вистински пријател на Србија и сојузник на патот кон Европа. 

Вучиќ нагласи дека денес Србија е силна и се развива. 

- Со се што направивме ги зајакнавме искрените пријателски односи на двете земји, како и пријателството на двата народа, истакна Вучиќ. 

Тој нагласи дека „Србија со своите дела цврсто покажа дека е на патот кон големите  европски народи, научивме дека со векови нашиот пат кон Европа најчесто е преку Будимпешта и Виена“. 

- Наша цел е независна и силна Србија, а силна Србија значи стабилен Балкан, потенцираше Вучиќ.

Српскот претседател посочи дека „нема ништо пологично од тоа, Унгарија да и биде на Србија сојузник на патот кон Европа“. 

Тој наведе дека двете земји најмногу ги поврзуваат 250.000 - 300.000 Унгарци кои живеат во Војводина. 

Вучиќ истакна дека Унгарците во Србија се „свои на своето“ и им се заблагодари за поддршката во реформите и развојот на Србија.