Вучиќ: Странски сили се мешаат во политиката на Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ по седницата на Советот за безбедност и потоа по средбата со српскиот патријарх Иринеј изјави дека во изминатите денови е забележано „агентурно дејствување од разни центри на моќта, во смисла дека нешто страшно се `крчка`, како страшните злосторници од Белград со нешто помалку страшните злосторници во Приштина нешто подготвуваат“, отфрлајќи ги наводите за договорен инцидент меѓу Белград и Приштина.
Српскиот претседател кажа дека на седницата се донесени повеќе важни мерки, одлуки и предлози за Владата и за силите за безбедност, со цел зајакнување на борбената готовност и подготвеност за сите идни предизвици, додавајќи дека некои одлуки не се за јавноста.
- Ние подбро ќе се подготвуваме, ќе одговараме посериозно и ќе го чуваме мирот и стабилноста, и со нас нема да се шегува целиот свет заради тоа што некој не ги исполнил своите обврски од Бриселскиот договор, изјави Вучиќ пред новинарите, додавајќи дека „ќе се настојува да се засили преговарачка позоција на Србија.“
Одговарајќи на прашањето за „агентурните дејствувања“, Вучиќ рече дека „надлежните српски служби добиле конкретни задачи по ова прашањ“.
- Станува збор за различни странски служби, и нашите агенции се занимаваат со оваа работа, рече тој,, додавјќи дека „странските служби се мешале во политичкиот и медиумскиот живот“, доведувајќи ја Србија во положба што сега мора да одговара на трачеви, а не за неспроведувањето на единствената обврска на Приштина-формирањето на Заедницата на српски општини.
На прашањето на новинарите да објасни -што е тоа конечно компромисно решение, Вучиќ кажа дека „конечно решение ќе биде тогаш кога ќе биде конечно, но не пред тоа и за тоа ќе говорам ако биде можно да се дојде до такво решение. Засега такво решение нема и не го ни имаме добиено. А дали е на повидок? Мислам дека не е. Не сум оптимист за ова“, изјави Вучиќ.
Ново на Сител
-
Граѓанските здруженија ќе прераснат во политички партии за да можат да учестуваат на локалните избори
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола
-
Температури до 43 степени, на сила мерките за заштита од топлотен бран
-
Гаши хоспитализиран поради преплет црева, засега е стабилен
-
Со линеарното зголемување на пензиите 150 илјади пензионери ќе добијат повеќе, а 116 илјади помалку пари
-
Владата ги задолжи државните институции да си ги платат сметките за струја и парно- должат 16,5 милиони евра
-
Слаб интерес кај пратениците за подготовка за интеграцискиот процес