Вучиќ: Србија прва во Европа по бројот на ревакцинирани, пристигнуваат 150.000 вакцини на АстраЗенека
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија е прва во Европа според бројот на ревакцинирани граѓани и дека наскоро ќе биде и прва по бројот на вакцинирани.
– Претпоставив дека нема да биде лесно да се добие вакцината, па затоа уште од август и септември започнавме со акцијата за нарачување. Настојуваваме, имав многу разговори со претседателот на Кина Си Џинпинг и со претседателот на Русија Владимир Путин. Разговарав и со Англичаните, утре ќе ги дочекам првите 150.000 дози од вакцината на АстраЗенека, изјави Вучиќ за РТЛ Хрватска.
На прашањето кога очекува стабилизирање на епидемиолошката состојба, Вучиќ истакна дека тоа ќе може да се види по имунизацијата на одреден број граѓани.
– Ако го следите Израел, гледате дека има стабилизација, а тие се земја можеби за нијанса со поголема популација од Србија, само кога преминаа 2,5 милиони вакцинирани. Денес, според бројот на луѓе, имаме нешто повеќе од 723.000 или 730.000 лица вакцинирани, а околу 420.000 лица се ревакцинирани, кажа Вучиќ.
Тој кажа дека ќе се вакцинира кога во Србија ќе бидат имунизирани над еден милион луѓе и дека ќе ја прими кинеската вакцина Синофарм, бидејќи таа е направена според традиционални методи, но дека „сите вакцини се добри“.
Вучиќ нагласи дека производството на руската вакцина Спутник В во Белград е прашање на инфраструктурата.
– Успеавме да изградиме две ковид болници за четири месеци во Батајница и Крушевац. И сега треба да размислиме за инфраструктурата, бидејќи корната ќе биде со нас и во наредните години. Прво ќе ја добиеме смесата од руската вакцина, а потоа ќе ги пакуваме вакцините, изјави тој, додавајќи дека тоа најверојатно ќе се случи во мај и јуни, а пред крајот на годината Србија „ќе го преземе целиот трансфер на технологијата“.
Вучиќ напомена дека се планираат дополнителни инвестиции во Институтот Торлак во Белград, бидејќи Србија тогаш ќе биде во можност да ја произведува вакцината.
– Во тој случај, нашите капацитети би биле околу 20 милиони дози. Нас ни требаат околу пет до шест милиони дози за да вакцинираме два до три милиони луѓе и сè друго би им го ставиле на располагање на оние на кои вакцината им е потребна, пред се во регионот, заклучи Вучиќ.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со поддршката од граѓаните ќе имаме убедлива победа во Демир Капија, за напредок и реализација на многу проекти
-

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина
-

Николоски од Росоман : Проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, изградба на влезот во Сирково, поддршка за земјоделците
-

Ердоган: Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција
-

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си - Трамп: Справување со надворешните ризици, технолошка самостојност и раст на домашната побарувачка
-

Србија чува најмногу злато од државите од поранешна Југославија
-

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела
-

Кривична за 19-годишник од Скопје осомничен за обљуба на малолетничка
