Вучиќ: Србија нема да крева огради на своите граници

Србија нема да крева огради на границите, но нема ни да биде собиралиште за бегалци, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ за државната телевизија РТС.
- Министрите Небојша Стефановиќ (за внатрешни работи), Александар Вулин (за труд) и неколкумина други, кои јас доста ги почитувам и коишто се борат за Србија, бараат да поставиме огради. Само јас сум против. Но, Србија сепак нема да биде „паркинг“ за бегалци - изјави Вучиќ, и додаде дека во Србија има 6.500 мигранти, од кои 81 отсто се од Авганистан.
- Тие момчиња се многу агресивни, прават проблеми, најмногу во Белград. Се почесто ги фаќаме и како крадат. Нема да преземаме репресивни мерки спрема нив, но треба да бидеме внимателни. Бројот се повеќе зголемува. Србија не може да прими повеќе мигранти, зашто тие, кои се веќе на нејзина територија, не продолжуваат понатаму кон ЕУ - рече Вучиќ.
Ново на Сител
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
