Вучиќ се повлече од функцијата претседател на СНС
На повик на претседателот Александар Вучиќ и владеачката Српска напредна странка (СНС), во Белград пред Народнот собрание вчера се одржа митинг „Србија на надежта“, најавен како „најголем собир во историјата на Србија“ на кој учествуваат голем број на граѓани од цела Србија, но и од земјите од регионот, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ на митингот на кој присуствуваше целиот државен врв на Србија, колационите партии меѓу кои и Ивица Дачиќ од СПС и гостите унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто и Милорад Додик од Република Српска, понуди нови решенија и дијалог со народот.
-Ние победивме на сите избори, победивме и затоа што тие никогаш немаа политика, затоа што секогаш мислеа само како да ја зграпчат власта со сила и со помош на некој друг од страна. Ова е последна вечер што ви се обраќам како претседател на СНС, утре некој друг ќе ја преземе мојата, ваша, наша Српска напредна партија, чиј член ќе останам, нагласи Вучиќ.
Тој посочи дека пд денес ќе биде претседател на сите граѓани на Србија, а не претседател на политичка партија.
-Поради кризата во која се наоѓаме, а ќе барам СНС да биде стожерот на сето ова, почнуваме да го формираме Движењето за народот и државата за да имаме база, поддршка и основа за зачувување на нашата држава во следните две-три кризни години, кои се одлучувачки за иднината на Србија, рече Вучиќ.
Зборувајќи за барањата изнесени на протестите во Србија, Вучиќ повика на дијалог и разговор, но рече дека нема да има преодна влада.
-Се додека сум жив, нема да ви потпишам. Власта ќе се избере на избори и по волја на народот, нагласи Вучиќ.
За ситуацијата на Косово, тој најави состанок на Советот за национална безбедност и кажа дека „се плаши дека многу работи се лоши, бидејќи знам со кого си имаме работа“.
-И денес, како намерно да го чекаа тој ден, значителен број мажи од северот од Косово да дојдат во Белград, за да ги нападнат општинските згради во Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ и на сето тоа претставниците на Квинта молчеа. Сега тоа го осудуваат, но откако им дозволија на Албанците да си ја завршат работата, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-
Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина
-
Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје
-
Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД
-
Одбележана 10 годишнина од настаните во Диво Насеље
-
Турчин во Скопје со капак од шахта удирал по глава свој сонародник, пробал да го убие
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија