Вучиќ попладнево ќе презентира податоци од анализа на ФСБ за евентуална употреба на звучен топ на протестот на 15 март
Српскиот претсеател Александар Вучиќ се очекува попладнево да се обрати до граѓаните со презентација на резултати од руската ФСБ за наводната употреба на звучен топ за време на протестот на 15 март, јави дописникот на МИА од Белград.
Тоа утрово го најави претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ.
„Не знам дали конечно е потврдено времето (17 часот), бидејќи претседателот има многу обврски…Но сигурно ќе зборува попладнево“, изјави Брнабиќ за белградски медиуми.
„Значи, да видиме дали е вистина или не дека тоа се случило. Колку што знам, го потпишал главниот разузнавач на Путин, Александар Бортников, така што нема лага, нема измама. Тоа се најсериозните анализи на едни од најдобрите безбедносни служби во светот, а јас не знам какви се резултатите“, изјави Брнабиќ.
Според неа, тие анализи на ФСБ „ќе стават крај на таа приказна“.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска