-->
-->
Вучиќ: Официјален став на Србија е да остане воено неутрална земја
-->
Српскиот премиер, Александар Вучиќ изјави денеска на средбата со рускиот амбасадор во Белград, Александар Чепурин дека официјалниот став на Србија е да остане воено неутрална земја, а покрај постигнувањето на нејзината стратешка цел - членство во ЕУ, сака да ги зачува и развива традиционалното пријателство и добрите односи со Москва.
Вучиќ и Чепурин истакнаа дека политичките односи меѓу двете држави се на високо ниво и го одразуваат традиционалното пријателство меѓу двата народа, јави српската агенција Танјуг.
Истовремено, американскиот амбасадор во Белград, Кајл Скат нагласи дека договорот меѓу Србија и НАТО е „нешто најнормално“, додавајќи дека не ги разбира големите несогласувања во општеството околу тој договор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи