Вучиќ од Охрид: Отворен Балкан е извонредна иницијатива во интерес на граѓаните и не е замена за ЕУ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во Охрид, каде што учествува на Самитот „Отворен Балкан“ изјави дека тоа е одлична иницијатива која е во интерес на граѓаните и оти таа не е замена за ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.
Тој посочи и дека е најгласниот поборник ЕУ да ги започне преговорите со Северна Македонија и Албанија, да се залага за тоа насекаде и оти не само што нема проблем со тоа, туку напротив, смета дека тоа е страшно важно за Скопје, Тирана и за граѓаните на тие две земји.
-Но, ние не велиме дека тоа што го правиме ќе донесе повеќе придобивки, но сигурно ќе донесе придобивки за сите. Тоа не е замена за ЕУ, ниту пак е некое друго кафе…тоа е посебна иницијатива која овде носи соработка меѓу народите и државите, рече Вучиќ.
Тој додаде дека Отворен Балкан е „извонредна иницијатива, во интерес на граѓаните, од која имаме само корист и никој не може ништо да каже против тоа“.
-Не ја потценувајте нашата одлука и желба да се зближиме и да соработуваме, ако тоа е од наш интерес, рече Вучиќ, истакнувајќи дека бројките за економската соработка меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија растат, што значи дека некои луѓе живеат од тоа и ги прехрануваат семејствата.
-Да не зборуваме за размена на земјоделски производи, индустриски производи, услуги… Тоа е важно за нас. Им благодарам на сите во светот што се грижат, што и посакуваат добро на иницијативата, но таа е наша иницијатива, на нашите народи и јас сум горд на тоа. Тоа е нешто што ни припаѓа нам, дополни Вучиќ.
Претседателот на Србија изјави дека сите се добредојдени во иницијативата „Отворен Балкан“, вклучително и Приштина.
-Мислам дека сме доволно зрели и да зборуваме сами. Колку повеќе сами зборуваме, толку подобри ќе бидат односите. Кога првпат се сретнав со премиерот на Албанија, Еди Рама, имаше многу тензии меѓу нас. Седумдесет години нашите лидери не се сретнале. После тоа, токму затоа што ја разбравме потребата да разговараме на секое место, можевме да разговараме без посредник и денес нашите односи се добри, изјави Вучиќ.
На новинарско прашање дали е можен „Отворен Балкан“ без Косово, Вучиќ рече дека сите се добредојдени.
-Ако сакате да го решавате прашањето дали сакаме и едни и други да имаме доволно брашно, струја и гас, тоа се прашања за Отворениот Балкан, наведе Вучиќ и посочи дека за други прашања се разговара во Брисел и дека тоа е одлучено и со резолуција на Советот за безбедност на ОН.
Ново на Сител
-

Земјотрес од 7,4 степени во Колумбија, најмалку 20 загинати
-

МЗ: Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на политички пресметки
-

Во текот на изминатото деноноќие 15 лица uapseni поради безобѕирно управување моторно возило
-

Побарал возило на заем од познаник, наместо да го врати кажал дека е дефект и го продал на друго лице
-

Подвиг за незаборав - Владо Деловски се искачи на планината каде пред години го загуби својот татко
-

Државни и воени делегации оддадоа почит на загинатите бранители во касарната „Илинден“
-

Дрско и непристојно се однесувал пред градски базен, приведен кавадарчанец во алкохолизирана состојба
-

Приведен 18-годишник, осомничен за грабеж на накит од 70-годишна скопјанка
