Вучиќ: Неопходно е да се решат отворените прашања во регионот

Српскиот премиер Александар Вучиќ оцени дека сите отворени прашања во регионот мора итно да бидат решени, бидејќи Србија, според него, ја чека иднина полна со предизвици поради што мора да продолжи со развивање на институциите и силните демократски права и слободи.
- Веднаш мораме да ги решиме сите отворени билатерални прашања, за да може да се одржи стабилноста на Балканот, истакна Вучиќ пред учесниците на регионалната конференција „Балканска рута и бегалската криза - што можат да направат граѓанските организации? Што да се очекува од националните влади и ЕУ?“.
Вучиќ нагласи дека од почетокот на годинава преку Србија минале 172.402 мигранти, а во однос на 2014 година е за 7,4 отсто повеќе.
- Србија мора да има личен политички идентитет, бидејќи ако сами себе не се почитуваме, тогаш и другите нема да не почитуваат, додаде српскиот премиер.
Ново на Сител
-

СП 2026: Заврши Мундијалот за домаќинот САД, Белгија убедлива
-

Руте: Земјите од НАТО на самитот ќе потпишат договори вредни десетици милијарди долари
-

ИНСТАТ: Значително намален интересот за добивање албанско државјанство во 2025 година
-

Ауди ја престави третата генерација на Q7
-

Бројот на загинатите во земјотресите во Венецуела надмина 3.500
-

Лидерите на НАТО на самит во Анкара во услови кога САД го зголемуваат притисокот за воените трошоци
-

САД изразија „сериозна загриженост“ по однос кинеското тестирање балистичка ракета
-

Нова средба во Собранието за Изборниот законик
