-->
-->
Вучиќ: Не сум лицемер, навивам за Звезда
-->
Новиот претседател на Србија и довчерашен премиер, Александар Вучиќ говореше на ТВ Пинк меѓу другото и за српскиот фудбал , за местенките и спорните ситуации.
За него самиот факт што Партизан освои двојна круна говори за тоа дека нешто е променето во фудбалска Србија.
„ Не сум лицемер и не кријам дека навивам за Црвена Звезда за разлика од многу други кои говорат дека се неутрални а на терен работат против одредени клубови или за нечии клубски интереси. Јас како премиер им помогнав многу и на двата клуба иако тие тоа повеќе го негираат отколку што го признаваат. Додека Партизан беше во втор план тврдеше дека првенството во Србија е наместено сега состојбата е обратна за црно-белите е се регуларно а за Звезда наместено“- рече Вучиќ кој смета дека во финалето на клубот Звезда е оштетена за пенал но поентирала од корнер. За новиот претседател можни се грешки: „Што можам јас тука да поправам како премиер или претседател“... заклучи Вучиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дејвис куп: Македонија стартуваше со максимални 3:0 против Малта
-
Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани
-
Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат
-
Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11
-
Црвениот тепих од Канскиот фестивал се продава по едно евро за килограм
-
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
-
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
-
ЈСП Скопје: Средношколците имаат право на бесплатен јавен превоз за време на летниот распуст