Вучиќ не исклучува можност за средба со Курти
Српскиот претседател Александар Вучиќ не ја исклучи можноста за средба со косовскиот премиер Албин Курти, додавајќи дека добра вест е тоа што тој размислува да ги укине таксите.
– Би било добро да седнеме да разговараме, изјави Вучиќ во утринската емисија на РТС.
– Важно е таксите да бидат укинати, за да може да се разговара. Курти мора да погледне и да разбере дека работите не се толку едноставни како што изгледаат кога седите во опозиција и можете да зборувате без никаква одговорност, рече Вучиќ.
Тој истакна дека најавата за укинување на таксите е важна, бидејќи во кус период тие нанеле многу штета и оти ќе биде потребен период за опоравување.
На прашањето дали може да седне со Курти да разговара и покрај заканувачките пораки кон Белград, Вучиќ рече дека тој е избор на албанскиот народ кој не може да се доведува во прашање.
Ново на Сител
-
Поднесени кривични за две лица од Делчево осомничени за „предизвикување општа опасност“ и „бесправно градење“
-
Полициски службеници евакуираа и транспортираа повредено лице од планината Јабланица
-
Муцунски во посета на Казахстан: Во фокусот економската и политичката соработка
-
Скопјанец приведен за семејно насилство
-
70-годишен велосипедист од Охрид тешко повреден во сообраќајка
-
43-годишник почина по каснување од пчели во гостиварско
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Покрај Крмзов обезбедени уште две лица - Обвинителството за утре најави брифинг за случајот