Вучиќ: Не би се потсмевал со чинот на Праљак, проблем се двојните аршини на ЕУ

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека на никаков начин не би се потсмевал со чинот на Хашкиот затвореник Слободан Праљак, кој вчера изврши самоубиство во судницата на Хашкиот трибунал и дека двојните стандарди на ЕУ се она што тој го гледа како проблем.
- Не би се потсмевал на тој чин ни на кој било начин и не би го нарекол кукавички, но би имал нешто да им порачам на луѓето во Европската унија за нивните двојни стандарди и зборови искажани за Србија и Хрватска во врска со последните пресуди", рече Вучиќ.
Тој додаде дека за тоа ќе говори денеска на состанокот со преставниците на земји од ЕУ.
- Ќе се обидам да им укажам на што е изложена Србија и како се прават слепи и глуви, а понекогаш и глупави, кога некои други се во прашање, истакна Вучиќ.
Осврнувајќи се на реакциите од регионот на последните пресуди на водачите на Херцег-Босна, Вучиќ рече дека останатите не гледаат со исти очи и со иста рамка, како што ние тоа го гледаме.
- Државното раководство на Србија акцентот го стави на иднината, не бегајќи од минатото и тешките прашања, не бегајќи од искажувањето почит кон жртвите, напротив, тоа беа нашите клучни реченици. Но, според реакциите од регионот, гледате дека никој иднината не ја спомна, изјави Вучиќ.
Тој изрази жалење што некои вчера се занимава со Србија и Србите.
- Се надеваме дека луѓето ќе разберат дека ние мораме да живееме заедно и да гледаме во иднината, а дали ќе знаеме како и дали ќе успееме е друга работа", рече Вучиќ.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
