Балкан
3. јуни 2025 - 19:46

Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во обраќање нагласи дека  извештајот на Канцеларијата за човекови права и демократски институции (ОДИХР) за Предлог-законот за избирачкиот список е во согласност со предложените измени, но една работа е останата  да се реши за да се продолжи во парламентарна постапка во наредниот период, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ изјави дека во наредните денови, покрај Законот за избирачкиот список, сите три медиумски закони ќе поминат низ парламентарна постапка, а постапката за избор на Советот на РЕМ ќе продолжи.

Изборите се демократски, транспарентни и победува оној што ќе ја добие довербата на народот, рече Вучиќ и нагласи дека „обоената револуција е во ќорсокак“.

„Обоената револуција е во ќорсокак…поради отсуство на политика, програми и идеи…оние кои стојат зад обоената револуција не знаат каде и како да продолжат“.

Вучиќ ги негираше наводите на Мариника Тепиќ дека е поврзан со нарко-картели.

„Сакам да ве известам дека во 2017 година, тим од 10 лица беше уапсен за напад врз мојот син. Напаѓачите беа вооружени. Веројатно тогаш работев со нив, бидејќи сакам да му наштетам на моето дете“, рече претседателот.

Потоа на видео-бимот беше пуштен дел од фото од прес на Мариника Тепиќ, на кој се прикажани фотографии од пакувања со дрога, за кои, според неа, се гледа ликот на Александар Вучиќ. Потоа тој покажа фотографија од колумбискиот претседател, за која рече дека Тепиќ го идентификувала како Вучиќ.

Одговарајќи на прашања од новинари, Вучиќ рече дека избори ќе има кога тој ќе одлучи.

„Избори ќе имаме кога ќе дојде време. Тоа зависи од надлежните институции, но тие сакаат да ги уништат сите институции, рече Вучиќ, коментирајќи ги барањата на студентите за распишување вонредни избори и додаде дека е лага дека не сака да ги распише затоа што не и одговараат на СНС, туку затоа што тоа моментално не е во интерес на државата.

Тој истакна дека неговите тврдења ќе се докажат како точни на изборите во Зајечар и Косјериќ следниот викенд.