Вучиќ: На војската ѝ дадов наредба да биде подготвена
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше ситуацијата во Украина.
„Загрижен сум. Нашата позиција не е лесна. Политичкиот притисок врз Србија поради одлуката на Путин ќе се зголемува. Само она што го доживеав во последните три дена ги потврдува моите зборови“, рече Вучиќ.
„Претстои тежок период за Србија. Денеска по седницата како врховен командант издадов наредба до армијата во секое време да биде на најдобар можен начин подготвена. Продолжуваме да го купуваме она што е најдобро за одбраната на земјата“, рече Вучиќ, а пренесе „Блиц“.
„Политичката и безбедносната структура на светот се урива. Сè што знаевме до вчера веќе не важи. Нашата посветеност на мирот мора да биде цврста и силна. Луѓето мислат дека мирот се зема здраво за готово. Денес гледате дека мирот во светот не е нешто што се подразбира. Ова навистина го менува светскиот поредок. Како што предвидовме, нафтата во моментот скокна“, рече Вучиќ.
Тој рече дека имал важен разговор со Макрон за ситуацијата во регионот.
„Постојат стравувања дека сето ова може да се прошири и во другите делови на Европа и светот, вклучително и на Западен Балкан. Бидејќи добро го познавам Путин, јас бев еден од ретките во Европа и светот кој можеше да каже во која насока ќе оди ова, без наше влијание“, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност
-
Невреме проследено со силен ветер и крупен град во Дојран
-
Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“