Вучиќ: На пролет очекувам сериозна расправа за Косово
Српскиот претседател Александар вучиќ денеска изрази уверување дека на почетокот на следната пролет во Србија ќе започне сериозна расправа во рамки на внатрешниот дијалог за Косово.
За време на постата на градот Лебане во јужна Србија, Вучиќ изјави дека прашањето за Косово е многу важно за земјата и дека е значајно во рамки на внатрешниот дијалог луѓето „да ја зборуваат вистината“.
- Важно е луѓето да можат на секој можен начин да покажат дека можат и сакаат да ги искажат своите различни и спротивставени ставови по прашањето на Косово и Метохија, изјави Вучиќ.
Според него, на тој начин би се покажал демократскиот капацитет на српското општество за дијалог и за обид за решавање на проблемите. иако засега Србија е далеку од решение.
- Се надевам и верувам дека во иднина ќе успееме да ги рационализираме нашите барање и нашата политика и да го зачуваме тоа што му припаѓа на нашиот народ. Верувам дека на почетокот на летото ќе започнеме со тој сериозен процес, потенцира Вучи
Ново на Сител
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025