Вучиќ: На Балканот јакне екстремизмот
Екстремизмот јакне во сите земји од западен Балкан, што не претствува добра вест, изјави српскиот премиер Александар Вучиќ при гостување на белградската телевизија Б92.
- Такви екстремни ставови постојат и во Европа, а некои влади дури ги преземаат политиките на тие (ектремистички) групи за да се заштитат од притисоците. Без разлика на промените во расположението, јас не сакам да правам компромиси со таквите идеи. Станува збор за политики кои скапо ја чинеа Србија, изјави Вучиќ.
Тој нагласи дека враќањето кон минатото и кон судирите би претставувало катастрофа за Србија, додавајќи дека тој не би сакал да биде претседател на Влада која би „морала да соработува со протагонистите на нестабилноста на регинот“.
- Долго се бороевме Србија да биде столб на стабилноста во регионот и да го зголемиме угледот на земјата во светот. Не смееме да дозволиме тоа да биде урнато преку ноќ, рече Вучиќ
Ново на Сител
-
44 општини добија градоначалник
-
ВМРО-ДПМНЕ: Историска победа на локални избори, СДСМ: Очекувавме повеќе, но не е лошо
-
За кандидатите на ДУИ и ВРЕДИ ќе се гласа повторно во Гостивар и Врапчиште
-
Оценка на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за првиот круг од локалните избори во Македонија
-
Интервјуирани кандидатите за судија во Стразбур
-
Политико: Влез во ЕУ но без можност за вето на новите земји членки
-
Македонците ќе го живеат европскиот стандард за 56 години
-
Преглед на вестите од светот