-->
-->
Вучиќ му се заблагодари на Путин за испораката на ловци МиГ-29
-->
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска му се заблагодари на рускиот претседател Владимир Путин за испораката на борбени летала од типот МиГ-29 и рече дека Србија нема да запре тука, туку ќе продолжи со набавката на оружје за нејзините граѓани да се чувствуваат безбедни.
- Ќе му се заблагодарам на Путин за помошта бидејќи оружјето го добивме со најдобрите можни услови. Ние ќе продолжиме да си ја засилуваме армијата. Не сакаме никакви конфликти, но сакаме да сме сигурни, да бидеме во состојбата да се заштитиме и одбраниме, изјави Вучиќ, најавувајќи дека во петок ќе има телефонски разговор со Путин.
Како што јави Танјуг, Србија подготвува единица од 10 ловци МиГ-29, за која Вучиќ вели дека ќе биде најсилна во регионот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-
Младите масовно се иселуваат, истокот старее
-
Охрид во хумана мисија
-
Велосипедски патеки има, но не и доволна велосипедска култура
-
Преглед на вестите од свет
-
Самит ЕУ - Западен Балкан
-
Тема на денот со Ана Чупевска, потпретседателка на СДСМ
-
Самит ЕУ - Западен Балкан