Вучиќ: Милош Вучевиќ е мандатар за состав на новата Влада на Србија
Претседателот на Србија Александар Вучиќ го предложи досегашниот министер за одбрана и претседател на Српската напредна партија (СНС) Милош Вучевиќ за мандатар за состав на новата Влада на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
„Врз основа на Уставот на Република Србија, а по сослушувањето на мислењето на претставниците на избраните изборни листи му го предлагам на Народното собрание на Република Србија Милош Вучевиќ за кандидат за претседател на Владата на Република Србија, изјави српскиот претседател“, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.
Во образложението на одлуката се вели:
„Верувам дека Милош Вучевиќ има професионални и лични квалитети да ја извршува функцијата премиер и ме увери дека може да обезбеди избор на Влада. Ја полагам мојата доверба на Милош Вучевиќ, имајќи предвид дека во претходниот период тој ги извршуваше одговорните функции на вицепремиер и министер за одбрана, со што покажа дека ја поседува посветеноста и стручноста потребни за извршување на функциите премиер“, се наведува во соопштението.
Според Вучиќ, новиот премиер на Србија ќе продолжи да ги реализира програмите насочени кон подигнување на животниот стандард на сите граѓани, проекти од областа на здравството, образованието, науката и технологијата, развојот на инфраструктурата, екологијата, енергетиката, земјоделството, туризмот, како и во други области од значење за иднината на Србија и нејзиниот напредок на европскиот пат.
-Пред премиерот е задача да ја реализира специјализираната светска изложба „ЕКСПО 2027 Белград“, која во голема мера ќе претставува инвестициска основа во мандатот на новата Влада, наведе Вучиќ.
Во образложението на одлуката се наведува дека „со зачувување на мирот и стабилноста, територијалниот интегритет на Република Србија, со доследно почитување на меѓународното право, регионалната соработка и грижата за виталните интереси на Република Србија ќе продолжат да бидат и понатаму приоритети во работата на Владата“.
Оваа одлука на преседателот Вучиќ се доставува до Народното собрание на Република Србија и влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Србија“.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице од велешко за сторени повеќе кривични дела во врска со кражба на дрва
-

Орбан: Ако Зеленски сака пари мора да ги обнови испораките преку нафтоводот „Дружба“
-

Трамп: Не ни треба ничија помош
-

Нов бран ирански напади врз американско-израелски цели во регионот
-

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот, Израел ја поздрави резолуцијата нарекувајќи ја историска
-

Фондацијата „Илија Камчев“ донира 300.000 евра за уредување на кејот во Марена
-

Асоцијацијата на брокерски друштва и Министерството за финансии во дијалог за европски стандарди и фер услови на осигурителниот пазар
-

Скопската Зоолошка организира прослава за првиот роденден на гибонот Мики
