Вучиќ: Мигрантската криза ЕУ треба да ја решава во Грција и Бугарија

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска во Париз ја повика ЕУ проблемот со мигратската криза да го решава на своите на надворешни граници, односно во Грција и Бугарија, јави Танјуг.
- Европската унија треба овој проблем да го решава на сопствените надворешни граници. Србија не може да биде првата и последната заштитна брана на Европа. Некој треба да го реши проблемот на границите на Грција и на Бугарија, кои се члнеки на ЕУ, порача Вучиќ.
Српскиот премиер, кој се наоѓа во посета на Франција, нагласи дека Белград ја презема својата одговорност во врска со мигрантскта криза и продолжува да покажува солидарност кон проблемот со бегалците.
Вучиќ нагласи дека „ѕидови и огради“ долж границите не се неопходни, бидејќи тие не се добро решение за никого.
Во рамки на посетата на Париз, Вучиќ денеска со директорот на Банката за развој на Советот на Европа, Ролф Вензел потпиша договор со која оваа финансиска институција на Србија ќе и додели 755.000 евра неповратни средства наменети за згрижување на бегалците и мигрантите во земјата.
Тоа претставува дополнение на помошта од 2,5 милиони евра, која Банката за развој веќе ја имплементираше и најава за нови грантови за српската Влада за нејзините идни потреби, како за мигрантите, така и за локалното население.
Ново на Сител
-

Вучиќ соопшти дека ќе поднесе оставка на 25 или на 26 септември
-

Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ
-

Приведен помошник директор во Царина за мито од 17.500 евра
-

Пријавени три жени кои си ги тепале мажите во Центар, Велес и Берово
-

Кумановец загина откако со автомобил излета од патот
-

Пукаа од мотор кон група луѓе: Двајца осомничени за убиството на 26-годишниот скопјанец на „Пластичарска“
-

Мицкоски: Ако опозицијата поднесе барање во Парламент за избори, ќе прифатиме и ќе ги победиме
-

Средношколец во Загреб избоде соученик и хигиеничарка
