Вучиќ: Ќе одам во Брисел кога ќе се формира Заедницата на српски општини
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека следен пат ќе оди во Брисел кога ќе биде „испорачана Заедницата на српските општини“, јави Бета.
Високиот претставник за надворешна политика Жозеп Борел најави дека ќе ги покани Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти во Брисел за да разговараат за европскиот план за Косово.
„Тие треба да ми кажат што е смислата на тоа (средба со Курти). Ако мислите дека ме викате во Брисел за да ме убедите да кажам Заедница на српски општини во исто време кога не знам што или по нешто, не ми се јавувајте“, рече Вучиќ.
Според него, „очекувана“ е изјавата на претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца дека нема да се формира Заедница на српски општини и му „честиташе на Коњуфца за неговата искреност“, бидејќи приштинските институции „конечно покажаа искреност“.
„Конечно, тие беа искрени во тоа дека никогаш, не планираат да формираат ЗСО. Да видиме сега што ќе направат Американците и другите“, рече Вучиќ.
Коњуфца вчера изјави дека ЗСО нема да се формира и дека во спротивно заедно со граѓаните ќе излезат на улица.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид