Вучиќ итно го свика Советот за безбедност, тензично во Косовска Митровица
Претседателот на Србија Александар Вучиќ свика за вечерва во 19.30 часот седница на Советот за национална безбедност, јави Танјуг откако попладнево во Косовска Митровица беша приведен директорот на српската Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ.
Tанјуг јави дека полицијата го однела Ѓуриќ во Приштина.
Заедно со Ѓуриќ уапсен е и неговиот соработник Жељко Јовиќ кој е повреден во обидот да се спротистави на апсењето.
Засега не се знае каде е Никола Селаковиќ, генерален секретар во Кабинетот на претседателот на Србија кој исто така допатува на Косово.
Ѓуриќ е приведен од салата во која се одржувал разговор во рамки на внатрешен дијалог за Косово.
Српски жители во Косовска Митровица се обидоа да спречат влегување во зградата каде бил Ѓуриќ, по што косовската полиција употреби шок бомби.
Во градот се огласија сирени за тревога.
Тој заедно со Никола Селаковиќ,генерален секретар во Кабинетот на претседателот се во северниот дел од Косовска Митровица од 17 часот за да учествуваат во разговор во рамки на внатрешен дијалог, јави Танјуг. Претходно од Приштина беше соопштено дака им е забранет влез на територијата на Косово.
Во Косовска Митровица е исклучително тензично по апсењето на Марко Ѓуриќ, јави Танјуг.
Приштинските медиуми јавуват дека граѓани се собираат на главниот мост на Ибар и дека во јужниот дел од Митровица е засилено присуство на косовската полиција.
Ново на Сител
-
Танкер натоварен со течен природен гас гори покрај брегот на Јемен, соопшти поморската мисија на ЕУ „Аспидес“
-
Граничниот премин Рафа во Газа повторно ќе биде отворен на 20 октомври, соопшти Палестинската амбасада во Египет
-
„Луфтханза“ разгледува евентуално укинување на 100 домашни летови поради високите даноци и аеродромските такси во Германија
-
Десетици илјади евакуирани на Филипините поради приближувањето на ураганот „Феншен“
-
До 15:30 часот гласале 5 385 болни или немоќни лица и 810 кои издржуваат казна затвор или притвор
-
Приведен 22-годишник, со телефон фотографирал девојка додека се туширала во студентски дом
-
Приведени три лица од Прилеп за извршување на тешка кражба на накит | ФОТО
-
Тешка сообраќајна несреќа кај кратовско, едно лице го загубило животот, а две се повредени