Вучиќ и Додик за Дејтонскиот договор-Нема ништо без согласност на Србите
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска оствари средба со српскиот член на Претседателството на БИХ, Милорад Додик, на која, како што јави допсникот на МИА од Белград тема на разговорите бил и Дејтонскиот мировен договор.
Дејтонскиот мировен договор е од историска важност, оцени Вучиќ, затоа што тоа беше единственото можно решение во кое сите изгубија, но и помалку добија и со него се зачува мирот.
-Ние ќе прифатиме каква било одлука со која ќе се согласат сите три народи во БиХ. Ние ќе го следиме она што српскиот народ во БиХ и Република Српска има да го каже, додаде Вучиќ.
Тој оцени дека не смета дека интересот на Хрватска е да го смени Дејтонскиот договор колку што е и на Србите, а можеби и повеќе.
-Не ја исклучувам можноста тие да го толкуваат на поинаков начин. Што се однесува до Србите, наш интерес е опстанок на Дејтонскиот договор и опстанокот на Република Српска како ентитет во БиХ. Доколку нема согласност на српскиот народ и нема измени, подобро никој да не навлегува во тоа, кажа Вучиќ.
За дејтонскиот договор, на прес конференцијата говореше и Милорад Додик, кој кажа дека „за нас, Србија е гарант на Дејтонскиот договор, а Србија е отстранета од Советот за имплементација на мирот и она што го браниме таму се остатоци од Дејтонскиот договор.“
-Ова е направено со ароганција и со сила на меѓународната заедница, кажа Додик, кој додаде дека „какви било корекции на договорот се невозможни и нема намера да разговара за ништо друго освен да се врати на „изворниот текст на Дејтон“.
-Само им кажувам дека какви било разговори за промена на Дејтон значат смртна пресуда за БиХ, ние тогаш немаме причини да останеме во БиХ, рече Додик.
На прес конференцијата беше спомената и Северна Македонија.
Вуќиќ изјави дека од меѓународната заедница ќе побара одговор, како тоа Албанците во Косово имаат некои права, а немаат Србите на други места каде живеат.
-Јас тоа прашање ќе го поставам на секое место, а тоа е кои права имаат 28 проценти Срби во Црна Гора, а кои права имаат 25,3 проценти Албанци во Северна Македонија, кажа Вучиќ.
Додик пак изјави дека „Српската православна црква е нападната во Македонија и во Црна Гора, но Република Српска и дава поддршка.“
Ново на Сител
-
МВР: Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина | ВИДЕО
-
Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк
-
ЦУК: Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце
-
ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт
-
ЦУК: Локализиран пожарот што избувна во местото Аквадукт
-
Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина како суверена држава
-
Нетанјаху: Формирањето палестинска држава го загрозува постоењето на Израел
-
Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан