Вучиќ: Договорот меѓу Скопје и Атина е добра вест за целиот регион

Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес конференцијата по состанокот на „Балканската четворка“ во Солун со премиерите на Грција, Бугарија и Романија изјави дека во услови кога ЕУ не делува секогаш единствено, овие четири земји делуваат единствено и ги решаваат проблемите на овој дел од Балканот. Во тој контекст тој се осврна и на договорот за името меѓу Македонија и Грција.
-Никогаш не сум се мешал во суверени прашања на другите земји, а така ниту околу името на вашиот северен сосед. Но, без сомнение во Србија, за секој жител од нашата земја кој гледа дека двете страни, кои имаа спротивставени ставови, постигнаа договор, тоа е добра вест, добра вест за целиот регион. Би сакал на ваков начин да се продолжи и во иднина, не навлегувајќи во подеинечните интереси на земјите, објасни Вучиќ, додавајќи дека „се што би одлагале, во иднина би се вратило како бумеранг“.
Тој изрази благодарност до Грција, Бугарија и Романија што биле подготвени да го слушнат и да го сослушаат ставот на Србија за односите со Приштина.
Вучиќ додаде дека со грчкиот премиер Алексис Ципрас разговарал за железничката пруга Белград-Скопје-Солун, како и дека Србија ќе ја заврши изградбата на автопатот до македонската граница, како и до границата со Бугарија, што со децении не било сработено.
-За Србија е важно тоа што добивме подршка за европскиот пат од нашите пријатели, важно е бидејќи ќе работиме на повеќе проекти. Разговаравме за патната комуникација, железничкиот транспорт, гасните интерконекции, овој пат подолго и посериозно отколку порано, изјави српскиот претседател, кој посочи дека Грција и Бугарија предложиле заеднички такси и тарифи, кои се однесуваат на поранешните предлози на Дунавската комисија, а во врска со сообраќајот и транспортот.
Следниот состанок на балканската четворка ќе се одржи во Варна, додека Белград ќе биде домаќин пред крајот на оваа година.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
