Вучиќ: Бомбите нема да ме уплашат

Српскиот премиер Александар Вучиќ утрово допатува во Лепосавиќ, првата точка од неговата посета на северниот дел на Косово.
Почетокот на посетата мина во сенка на тежок напад кој се случи изутринава, кога на салата во Зубин поток, од каде Вучиќ попладнево требаше да се обрати на граѓаните, беше фрлена експлозивна направа и беше пукано од автоматско оружје.
Вучиќ во Лепосавиќ изјави дека нападот нема да го уплаши.
- Силна Србија ништо не може да ја уплаши, порача Вучиќ пред насобраните граѓани и рударите од „Трепча“ и додаде дека се лаже секој кој мислел дека такво нешто ќе го предомисли во врска со посетата на Косово.
Тој дополни дека не е импресиониран од нападот на тројцата „јунаци“ на салата во Зубин Поток, во моментот кога неколку лица таму работеле на поставување на бината.
Инаку рударите го дочекаа српскиот премиер со пароли „Вучиќ чувај ја Трепча“, а тој возврати дека Србија нема да дозволи одземање на рудникот.
Ново на Сител
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
-

Можно е пак да има мерки за цените на горивата
-

Државната ревизија утврди повеќе неправилности во Aгенцијата за вработување
