Вучиќ: Армијата е речиси целосна екипирана, одлучено е да се продолжи со концептот на дигитална армија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Армијата обезбедила речиси целосна пополнетост – над 85 проценти од сите специјални единици, што никогаш порано не било случај, и донесена е одлука да се оди со концептот на дигитална армија, што ќе трае околу пет години.
По седницата на проширениот колегиум на ГШ на српската армија, Вучиќ истакна дека во светот постои ситуација во која правото и правдата одамна престанале да постојат, но повеќе не важат никакви правила.
– Многу е тешко да се разбере, тешко е да се прифати, но мора да разбереме. Фактот дека сте земја-членка на ОН дека вашиот територијален интегритет е загарантиран со Повелбата на ОН, не значи ништо кога станува збор за однесувањето на големите сили, кои брутално ги газат и измислуваат нови принципи кога им се допаѓа, рече Вучиќ.
Тој најави дека речиси 10.000 војници ќе учествуваат на воената парада во септември во Белград.
Претседателот на Србија изјави дека Србија денес не извезува никаква муниција.
„Сега се запревме. Мора да има посебни одлуки ако нешто ќе функционира. Муницијата оди во нашите касарни и во нашите залихи“, рече Вучиќ на седницата на ГШ.
„Ќе ја вратиме и редовната воена служба. Ќе биде се со време“, објави претседателот Александар Вучиќ по седницата на проширениот колегиум на Генералштабот на српската армија.
Ново на Сител
-
Групна тепачка во Батинци, учествувале 11 лица, употребени и остри предмети
-
ЦУК: Вкупно 12 пожари на отворен простор, два активни, еден под контрола и девет изгаснати
-
Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче
-
Телефонската линија 192 повторно е во функција
-
Четири лица, меѓу кои две малолетни тешко повредени откако се преврте автомобил на автопат
-
Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“
-
СВР Скопје: Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192
-
Поради пожар на Вардариште без струја Аеродром и Лисиче