Вучевиќ: СНС побара мандат за состав на новата влада
По средбата со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, потпретседателот на Српската напредна партија (СНС) Милош Вучевиќ изјави дека листата „Александар Вучиќ – за нашите деца“ побара мандат за состав на новата влада.
– Очекуваме Собранието да биде конституирано до 3 август, изјави Вучевиќ, додавајќи дека нивните предвидувања се оти владата ќе биде формирана до септември и дека тоа ќе биде влада на континуитет во однос на политиката и економијата.
Вучевиќ наведе дека претставниците на листата на СНС изјавиле што мислат за коалициските партнери од другите изборни листи, но дека немале единствен став.
– Ќе видиме дали во владата ќе има и други партии, истакна Вучевиќ, нагласувајќи дека во СНС има поделени мислења дали треба да оди со коалициски партнери од други листи или не.
Тој кажа дека разговарале за кризата предизвикана од коронавирусот, изградба на патишта и плати до 2025 година, наведувајќи дека се свесни за својата одговорност и дека на состанокот не зборувале за кадровски решенија.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист
-
Во пресрет на летнаta сезона Албанија има потреба од над 2.000 туристички работници
-
Притвор за две лица, нападнале полициски началник во дискотека во Кавадарци